Акционерското друштво за финансиски лизинг ЕВРОЛИЗ АУТО ДООЕЛ Скопје е компанија специјализирана за финансиски лизинг на патнички и комерцијални возила. Основана е во Скопје во мај 2008 година како ќерка фирма на Еврохолд АД Софија.
Нашите предности: флексибилност, лојалност кон клиентите и партнерите, брза и ефикасна услуга, како и имплементација на иновативни идеи за нови производи и услуги.
Тоа создава можност за брзо услужување на клиентите и високо ниво на услуга – помош при избор на возилото, услови за финансирање во согласност со потребите на клиентот како и квалитетен пакет за осигурување.
Нашата компанија работи по многу едноставна процедура која ја избегнува непотребната администрација и овозможува потпишувањето на договорот и примопредавањето на возилото да се заврши најбрзо и најефикасно.
Ве молиме оценете ja веб страницата
Дизајн
Функционалност
Објаснување
Гласови: 5
Погледи: 9463