Прашања

1.Како да ја информирам ЕВРОЛИЗ АУТО за промена на мојата адреса?
Oд категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ од нашата веб страница пополнете формулар за Промена на адреса за коресподенција и донесете го во оригинал во нашите канцеларии или испратете го на нашата контакт адреса

2.Како да ги плаќам месечните рати?

  • Видете го износот на месечната рата на Вашиот амортизационен план
  • пополнете уплатница за уплата на месечната рата со наведени број на договор и број на рата (за кој месец уплаќате)
  • чувајте копија од извршената уплата

3.Како да постапам доколку доцнам со моето плаќање?
  • Контактирајте нe лично или телефонски и информирајте нe за причините за задоцнетото плаќање, како и кога ќе биде извршена уплатата
  • согласно договорот за финансиски лизинг и Општите услови, за задоцнета уплата од 5 (пет) календарски дена се пресметуваат законски затезни камати

4.Дали смеам да го управувам возилото финансирано на лизинг надвор од земјата?
  • Секако! Корисникот на лизинг треба да пополни и потпише Молба за полномошно за странство која може да се превземе од категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ од нашата веб страница; истата може да ја подигнете во нашите канцеларии
  • врз основа на пополнетата молба за полномошно за странство и копија од валиден пасош изработуваме Полномошно за управување со возилото во странство со валидност од една година
  • нашето полномошно се заверува во АМСМ каде се издава Дозвола за управување туѓо моторно возило со валидност од една година


5.Дали може корисникот на лизинг од постоечкиот договор да биде променет?
  • Корисникот на лизинг  треба да пополни барање за Промена на корисник на лизинг кое може да се најде за превземање на нашата веб страница
  • пополнетото барање да се донесе во оригинал во канцелариите на ЕВРОЛИЗ АУТО Скопје придружено со документација за НОВИОТ корисник на лизинг (потполна документација за аплицирање за лизинг)
  • ЕВРОЛИЗ АУТО Скопје врз основа на документацијата ќе даде одговор на барањето во рок од 2 (два) работни дена

6.Дали постои можност за предвремен откуп на возилото?
  • Согласно законската регулатива на Република Македонија предвремен откуп на возила финансирани на лизинг е дозволено после истекот на една година (12 рати)
  • од категоријата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОРМУЛАРИ пополнете го формуларот Молба за предвремена отплата и доставете го во нашите канцеларии
  • ЕВРОЛИЗ АУТО ќе подготви про-фактура за предвремен откуп (се состои од преостанатата главница и провизија за предвремен откуп на возилото, како што е предвидено во договорот за финансиски лизинг и Општите услови)
  • по плаќањето на износот од про-фактурата, ЕВРОЛИЗ АУТО ќе подготви купопродажен договор и  целокупна документација за пренос на сопственоста; сите трошоци поврзани со преносот на сопственоста се на товар на корисникот на лизинг

7.Дали смеам да инсталирам плински уред во возилото финансирано на лизинг?
Контактирајте не за подетални информации

8.Како да постапам доколку го загубам мојот клуч или ако истиот се заклучи во возилото?
Контактирајте не за подетални информации

9.Како да постапам доколу ми се потребни два клуча од возилото?
Контактирајте не за подетални информации

10.Како да постапам во случај на сообраќајна незгода?
  • Повикајте полиција за да направи записник за настанатата штета
  • Jавете се во вашата осигурителна компанија ЕВРОИНС
  • Договорете ја процедурата за поправка на настаната штета на возилото со ЕВРОИНС
  • Фактурата за поправката на возилото ја плаќа ЕВРОЛИЗ АУТО Скопје, намалена за износот на франшизата согласно каско полисата

Сите полиња се задолжителни