Лизингот како форма на финансирање се однесува на набавка на возило од
страна на лизинг компанијата по избор на клиентот. Врз основа на
набавката на возилото се склучува договор за финансиски лизинг со
клиентот за користење на возилото на одредено време. Економски корисник
на возилото е клиентот, додека сопственик на истото е лизинг
компанијата. По истекот на договорот, сопственоста на возилото се
пренесува на корисникот на лизингот.